Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
АНКАРА (АА) - Британските научници откриле дека витаминот Д може да им помогне на луѓето со срцеви заболувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува дописникот на Би-Би-Си, истражувањата спроведени на 163 луѓе кои имаат срцеви заболувања, се презентирани на состанокот на Американскиот колеџ за кардиологија.
Групата испитаници користела витамин Д што довело до зголемување на способноста срцето да пумпа крв низ целото тело.
Испитаниците биле поделени во две групи. Eдната група секојдневно во текот на една година консумирала пилула витамин Д од 100 микрограми, додека втората група ѝ е дадено плацебо. Просечната возраст на испитаниците била 70 години.
Студијата, исто така, покажала дека кај поголемиот дел од испитаниците забележано е ниско ниво на витаминот Д, дури и за време на летните месеци.
Кај здравите луѓе кои немаат проблеми со болести на срцето со секое отчукување на срцевата комора се испумпува меѓу 60 и 70 проценти од крвта која се наоѓа во срцето, додека кај срцевите болни кај секој пациент се испумпува една четвртина од крвта.
Студијата покажала дека кај пациентите, срцевите болни кои земале витамин Д, количеството на испумпана крв со секое отчукување на срцето е повисока за 26, односно 34 проценти.
Научниците откриле дека срцето кај пациентите со срцеви заболувања кои земале витамин Д станале сè помали, посилни и поефективни.