Mahmut Atanur
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во кина е пронајден најмалиот отпечаток на стопало на диносаурус, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата презентирана во државниот кинески весник „Народен дневник”, се вели дека во истражувањата кои ги вршеле кинески, јужнокорејски и американски експерти, на југозападот од покраината Сечуан, пронајден е досега најмалиот отпечаток од стопало на диносаурус во светот.
Експертите откриле отпечаток од стопало на диносаурус со должина од два сантиметри, кој потекнува од периодот Креда (периодот на Креда започнал од пред 65 мил. до 145 мил. години) и потврдија дека станува збор за најмал отпечаток на диносаурус досега откриен на светот.
Во покраината последните години пронајдени се над 100-на отпечатоци од диносауруси а ископувањата кои се одвиваат во реонот во голема мерка ја загрозуваат заштитата на овие отпечатоци.