Mahmut Atanur
06 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина е пронајден најдолгиот инсект во светот.
Како што соопшти кинескиот весник "China Daily", инсектот е пронајден во 2014 година за време на истражување во јужниот дел на земјата, во регионот на Гуангкси.
Истражувачот Жао Ли рече дека инсектот е долг 62,4 сантиметри и дека се наоѓа во ридско подрачје на надморска височина од 1.200 метри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеските власти соопштија дека инсектот кој е наречен “Phryganistria chinensis Zhao” е подолг од инсектот пронајден во Малезија во 2008 година, кој е долг 56,7 сантиметри и изложен во музејот во Лондон.