Zehra Ulucak
19 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Археолозите во Египет открија гроб на бремена жена која била погребана со фетусот во стомакот, кој датира од пред 3.700 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „National Geographic“, Министерството за антиквитети на Египет минатата недела соопштило дека во рамки на ископувањата во близина на градот Асуан извршени со италијанско-американско партнерство, откриен е скелет на жена која била погребана додека била бремена, како и остатоци од фетусот во карлицата.
Од министерството истакнаа дека по направените испитувања е утврдено дека скелетот на жената за која се претпоставува дека била на 25-годишна возраст и влегла во процесот на породување датира од 1750 до 1550 година пред нашата ера.
Истражувачите истакнаа дека тоа што фетусот се наоѓал во позиција со главата надолу претставува можност мајката и детето да починале во текот на породувањето, и дека откриените остатоци откриваат детали во врска со смртта на мајките во текот на бременоста во античкиот период.
Сандра Вилер, професорка од Универзитетот „Флорида“, во изјава за медиумите истакна дека е исклучително редок случај да се открие фетус којшто сè уште се наоѓа во жена од тој период.