Fuat Kabakçı
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Првата база на симулација на животот на планетата Марс, во Кина, ќе биде изградена во областа Хајши, во кинеската провинција Чингхај која се наоѓа во северозападниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција Синхуа, на местото каде што ќе се гради базата, ќе има црвени карпи слични на оние на површината на планетата Марс.
Оваа база за симулација ќе содржи културни и туристички места наречени „Заедница на Марс“ и „Место за кампување на Марс“. Базата покрај истражувачките активности во областа на астрономијата, вселената и науката, ќе содржи специјално изградени места за снимање на филмови.
Ванг Џингџај, претставник на локалните власти, истакна дека минатиот ноември е постигнат договор меѓу Кинеската академија на науките и локалните власти на Хајши, за изградба на базата.