Zekeriya Güneş
09 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
MАНИСА (АА) - За време на археолошките ископувања во областа на античкиот град Аигаи, во турската област Маниса, пронајдени се остатоци од пат стар 2000 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Патот е од камени плочи и се протега во должина од 55 километри.
Јусуф Сезгин, професор на Катедрата за археологија при Факултетот за науки и уметности на Универзитетот Џелал Бајар и шеф на делегацијата за ископување, за АА истакна дека античкиот град Аигаи е еден од 12 градови кои исчезнаа во подрачјето на Западна Анадолија.
Ископувањата во областа започнаа во 2004 година, а Сезгин изјави дека она што тие го пронашле во оваа област дава информации за социјалниот живот на луѓето од тоа време.
Според него, градот почнува да заживува особено во хеленистичкиот период, со поддршка на кралот на Пергамон. Тогаш станува економски и културен центар.
Сезгин потсети дека за време на археолошките ископувања е забележан антички пат од римско време. Тој истакна дека според сегашните индикатори, патот се протега од брегот на Егејското Море и дека пред 2.000 години се користел на релација од Измир до Маниса.
„Откако ја тргнавме земјата се појави камен пат во должина од 55 километри. Она што е интересно е дека патот е зачуван како да е сега направен. На каменот се направени одредени измени со цел во зимата да можат по него да се движат коњи“, изјави професорот.
Сезгин истакна дека патот во античкиот град бил многу прецизно изграден. Тој е првенствено се користел како поморски пат, а подоцна станал пат на караваните.
Патот е направен многу внимателно, а користени се дебели блокови од карпи. Камењата се на интересен начин обложени со земја и така е сочуван сите овие години.
„Можеби во наредните години ќе биде можно посетителите да пешачат по патот стар 2.000 години“, рече турскиот професор.
Тој потсети дека во близина на овој пат се наоѓа и Aполоновиот храм.