Emre Aytekin
29 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
АНКАРА (АА) - Научниците стигнаа до докази дека на Марс, каде што некогаш имало топла и влажна клима, има поголеми реки од тие што се на Земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Научниците од Американскиот универзитет во Чикаго ги објавија резултатите од истражувањата во списанието „Science Advances“. Во истражувањето се наведува дека спротивно на сегашното познавање на климатските услови на Марс, на „Црвената планета“ пред милиони години имало траги од топла клима која овозможувала водата и ноќ и ден да остане во течна состојба.
Истражувачите истакнуваат дека на површината Марс има длабоки речни долини кои се создале како резултат на ерозијата на водата. Ширината на долините, формираниот чакал од камчиња во основата покажуваат дека реките кои течат тука се многу поголеми и имаат посилен проток од оние во светот.
Но, научниците исто така велат дека овие докази не се во согласност со тековните сознанија за еволуцијата на климата на „Црвената планета“. Тие нагласуваат дека не се знае во кои услови е создадена таа моќна влажна клима.
Истражувачите истакнуваат дека во одреден период, ефектот на стаклена градина овозможил водата и ноќе и дење да остане во течна состојба. Тоа траело долго време, но тие климатски услови не траеле долго време, туку се менувале ненадејно и многу бргу, а тоа пак, покажува дека имало екстремен студ и сува клима.