Emre Aytekin
16 Септември 2020•Ажурирај: 17 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Научниците потврдија дека два астероиди, едниот со големина на автобус, а другиот колку еден автомобил, минале покрај Земјата, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на Центарот за истражување на небесните тела кои минуваат покрај Земјата при Лабораторијата за млазен погон на НАСА се наведува дека двата астероиди, именувани како „2020 RF3“ и „2020 RD4“, вчера поминале покрај Земјата со временска разлика од два часа.
Првиот, со големина на автобус, од Земјата бил оддалечен од околу 94.000 километри, а вториот околу 106.000 километри.