Emel Öz Gözellik
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Научниците од Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) соопштија дека откриле ново вселенско тело коешто се движи меѓу ѕвездите во Сончевиот систем, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека новиот метеор или комета е откриена со телескопот Пан-СТАРС1 (Pan-STARRS1) во базата на Хаваи, и дека станува збор за вселенско тело со дијаметар до 400 метри, кое брзо се движи меѓу ѕвездите.
Новооткриеното тело научниците го именуваа како A/2017 У1 (A/2017 U1), а веруваат дека станува збор за тело коешто дошло надвор од Сончевиот систем.
Официјалниот претставник на НАСА, Пол Ходас, рече дека тоа е откритие коешто се чекало со години.
„Постоeja теории за небесните тела во Сончевиот систем кои дошле однадвор и продолжиле да се движат меѓу ѕвездите. Но, дури сега откривме едно такво тело“, рече Пол Чодас од НАСА.