Murat Karadağ
09 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Се претпоставува дека ѕвездата Л2 Крма (L2 Puppis), која наликува на Сонцето од нашиот сончев систем, пред да умре, ќе се зголеми неколку стотици пати и ќе ги уништи планетите што се наоѓаат во нејзината околина.
Според истражувањето објавено во списанието „Астрономија и астрофизика“, научниците од Институтот за астрономија во белгискиот град Левен, со помош на најразвиениот телескоп АЛМА направиле истражување со кое е утврдено дека ѕвездата Л2 Крма, која има мала маса, пред 5 милијарди години пораснала стотина пати, се претворила во црвена топка и ги уништила соседните планети.
Во име на истражувачката екипа од Институтот во Левен, проф. Лен Деџин изјавил дека според нивните анализи, на Сонцето од Сончевиот систем му преостануваат околу 2 милијарди години живот. Тој рече дека Сонцето во периодот на зголемување ќе ги проголта планетите Меркур и Венера, по што ќе се претвори во ѕвезда џуџе.
Проф. Деџин изјавил дека промените што ќе се случат кај Сонцето ќе предизвикаат големи промени и во Сончевиот систем. „Знаеме дека Сонцето ќе биде поголемо и посјајно. Таа ситуација најверојатно ќе биде причина за уништување на целиот живот на планетата Земја“, вели проф. Деџин.
Се истражуваат ефектите што врз околните планети би ги оставила ѕвздата Л2 Крма, која научниците ја нарекуваат ѕвезда близнак на Сонцето од нашиот Сончев систем.