Nuri Aydın
27 Јули 2021•Ажурирај: 02 Август 2021
АНКАРА (АА) - Во атмосферата на Ганимед, најголемиот сателит на Јупитер, за прв пат е откриена водена пареа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Резултатите на НАСА од набљудувањето извршено со вселенскиот телескоп „Хабл“ се објавени во списанието „Nature Astronomy“.
Во овие рамки се споредени набљудувањата на научниците од 1998, 2010 и 2018 година, и откриени се траги од водена пареа во атмосферата на Ганимед.
Се истакнува дека водената пареа е забележана за време на преминувањето на ледената површина од цврста во гасовите состојба на позиција блиску екваторот на Ганимед.
Се насочува вниманието на тоа дека океаните на овој сателит, што се наоѓа на милиони километри од Сонцето, се замрзнати поради временските услови од 148 степени под нулата.
Од друга страна, во податоците од 2018 година не се забележани атоми на кислород на Ганимед.
Во орбитата на Јупитер се наоѓаат 79 сателити, меѓу кои најголемиот е Ганимед, кој е 9. најголем објект во Сончевиот Систем.
Ганимед е поголем од Меркур, а е единствениот сателит во Сончевиот Систем што има сопствено магнетно поле.