Emel Öz Gözellik
27 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
АНКАРА (АА) - Астрономите открија уште три планети слични по големина на Земјата, на оддалеченост од 12 светлосни години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на веб-страницата „Science Alert“, истражувачите со 3-метарскиот телескоп во Европската јужна опсерваторија (ESO) во Ла Сила, во Чиле, откриле три карпести планети со големина слична на Земјата.
Во истражувањето се истакнува дека планетите кружат околу ѕвездата позната како џуџе со мала маса и се наоѓаат на оддалеченост од 12 светлосни години од Земјата.
Игнаси Рибас, еден од раководителите на истражувањето, од Институтот за вселенски науки во Барселона, Шпанија, рече дека ова откритие е важно за стекнување знаење за другите карпести планети.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.