Elif Ferhan Yeşilyurt
11 Јуни 2022•Ажурирај: 12 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Првиот саем „Blockchain-Metaverse Expo“ во Туркије ќе се одржи во Истанбул кон крајот на годината, јавува Агенција Анадолија (АА).
Саемот ќе ги собере на едно место индустриските чинители на блокчејн-технологијата во Експо Центарот во Истанбул од 22 до 25 декември, се вели во соопштението на Организацијата за саеми ХГР (HGR).
Светски познати имиња ќе бидат говорници на саемот, кој ќе ги собере засегнатите страни во областите на метаверзумот, криптовалутите, Ен-еф-ти (NFT), Web 3.0, копање криптовалути, DAO, DeFi и GameFi.
Развојот на криптовалутите создаде илјадници нови трговски области и десетици брендови.
Настанот ќе ги собере на едно место сите турски, но и меѓународни брендови.
Саемот, кој ќе се организира за прв пат во светот со мотото „Еден саем, два различни универзуми“, ќе се одржува истовремено во метаверзумот за посетителите кои сакаат да учествуваат во дигитална средина.
Посетителите од целиот свет ќе можат да го посетат саемот виртуелно во метаверзумот.