Emre Aytekin
21 Септември 2018•Ажурирај: 22 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Научниците го открија најстариот досега забележан фосил на животно во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во северозападниот дел на Русија, на просторот меѓу Русија и Финска, на брегот на Белото Море, истражувачи од Австралискиот национален универзитет (ANU) пронајдоа жив фосил стар 558 милиони години, кој потекнува од периодот едијакариум (или нарекуван и вендиум).
Откриени се масни молекули на повеќеклеточно суштество од видот Dickinsonia. Научниците соопштија дека обезбедиле доволно докази со кои ова суштество можат да го класифицираат како претставник на животните.
Со својата структура налик на ребра, пронајдениот фосил со должина од 1,4 метри кој потсетува на џиновска медуза, влезе во официјалните записи како најстар пронајден животински фосил.
Научниците се мачат со класификацијата на живиот свет и првата појава на повеќеклеточните организми на земјината површина во периодот едијакариум. До денеска, различни истражувачи овие повеќеклеточни суштества ги класифицираат во групата на амеби, алги, габи или паразити, истакнувајќи дека тие претставуваат преодна форма од растенија кон животни.
Појавата на животинскиот свет што го знаеме денеска започнува да се појавува пред 540 милиони години во периодот на биолошкото заживување, познат и како „Камбриумска експлозија“, со кој се опишува наглата појава на сложени повеќеклеточни организми. Во записите, најстарите пронајдени животински фосили потекнуваат од овој период.
Со пронаоѓањето на молекулите на масти во фосил кој потекнува од периодот едијакариум, се разреши една од најголемите тајни на палеонтолозите. Се покажа дека дел од видовите кои постоеле пред Камбриумската експлозија треба да се класифицираат како припадници на животинскиот свет.