Ekipa
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Силите лојални на режимот на Башар ал Асад во Сирија извршија воени злосторства, напаѓајќи ги медицинските установи околу Идлиб, соопшти денеска Комисијата на Обединетите нации (ОН) за Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Комисијата исто така истакна дека има разумни причини да верува дека руските авиони кои учествувале во бомбардирањето во август минатата година извршиле воени злосторства.
„Руските воздухопловни сили нападите не ги насочија кон одредена воена цел, што доведе до воени злосторства со започнувањето на неселективните напади врз цивилните подрачја“, наведува Истражната комисија на ОН за Сирија во најновиот извештај.
„Турција се обиде да биде многу внимателна во своите акции за да избегне цивилни жртви, какви што видовме во другите случаи“, изјави комесарот Хани Мегали.
Комисијата го објави својот извештај за период меѓу 11 јули 2019 и 10 јануари 2020 година.
„Вооружениот судир во Сириската Арапска Република е далеку од крајот, бидејќи разните видови кршење на човековите права и понатаму се множат. По речиси девет години, сириските жени, деца и мажи, и понатаму се соочуваат со невидено ниво на страдање и болка“, истака претседателот на комисијата, Паоло Серџо Пињеро.