Emel Öz Gözellik
12 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
АНКАРА (АА) - На Антарктикот се отцепи ледена планина од трилион тони мраз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во „The Telegraph“ (Телеграф), научниците од Универзитетот „Свонси“ во Велс информираа дека во западниот дел на Антарктикот се отцепила ледена планина којашто според површината е четирипати поголема од Лондон, главниот град на Англија.
Истражувачката екипа на Универзитетот „Свонси“ истакна дека сателитот „Aqua“ на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) направил видеоснимка од отцепувањето на ледената планина со големина од 5.800 квадратни километри од ледената платформа „Larsen C“ на Антактикот, која подолг период е предмет на набљудување.
Со одделувањето на оваа трилионтонска ледена планина, намалена е големината на ледената платформа Larsen C за 12 отсто.
Проф. д-р Адријан Лакман од Универзитетот „Свонси“ изјави: „Подолг период го очекувавме отцепувањето на оваа ледена планина. Ќе продолжиме да ја следиме. Досега, ова е една од најголемите ледени планини што се отцепиле од основата на Антарктикот“.