Gökhan Ergöçün
30 Септември 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот АРМОЛ, ласерски систем дизајниран и развиен од Советот за научни и технолошки истражувања на Турција (TUBITAK), успешно ги заврши тестирањата за влез во инвентарот на Турските вооружени сили, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турското ласерско оружје АРМОЛ успешно ги помина тестирањата со што се квалификува за влез во инвентарот на Турските вооружени сили“, напиша на „Твитер“ турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, доцна синоќа.
АРМОЛ, кој беше развиен во Центарот за истражување и информатичка безбедност на ТУБИТАК, национална агенција која игра водечка улога во создавањето на научната и технолошката култура во Турција, успешно ги помина тестирањата.
Ласерското оружје од 1,25 киловат има моќност да пробие тримилиметарска челична плоча од растојание од 500 метри.
Ласерскиот систем од 400 килограми, за кој активностите започнаа во јули 2018 година, се планира да биде интегриран во воздухопловите.
ТУБИТАК исто така спроведува и други проекти на системи за ласерско оружје.