Associated Press
12 Март 2024•Ажурирај: 13 Март 2024
КЕЈП КАНАВЕРАЛ (АА) - Четворица астронаути од четири земји се вратија на Земјата по мисија долга повеќе од шест месеци, пренесува Анадолу.
Нивната капсула прелета над Соединетите Американски Држави пред зори и заврши во Мексиканскиот Залив во близина на Флорида Панхендл.
Астронаутите пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ISS) во август минатата година со модулот Кру-7 на НАСА, кој беше пренесен во вселената со ракета на приватната компанија Спејс икс.
Екипажот го сочинуваа Јасмин Могбели од НАСА, Андреас Могенсен од Данска, Сатоши Фурукава од Јапонија и Константин Борисов од Русија.
Пред да ја напушти вселенската станица, Могенсен преку платформата Х порача дека едвај чека да ги слушне „птиците што пеат на дрвјата“ и дека копнее за крцкава храна.