Gökhan Zobar
29 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
ЕДРЕНЕ (AA) - Доц. д-р Сервет Алтај, директорот на Одделот за кардиологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Тракија“, истакна дека јадењето доцна навечер во лето и консумирањето тешки оброци заедно со алкохол го зголемуваат ризикот од срцев удар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Доц. д-р Алтај рече дека во лето се зголемуваат смртните случаи поради срцеви заболувања.
Посочувајќи дека топлото време, губењето течности и нарушувањата во исхраната го зголемуваат ризикот кај срцевите пациенти, Алтај нагласи дека во летниот период сите фактори дејствуваат негативно кај пациентите со срцеви болести.
Алтај порача дека во летниот период треба повеќе да се посвети внимание на навиките во исхраната отколку во другите периоди во годината, односно дека треба да се избегнува консумирање храна навечер.
Објаснувајќи дека исхраната директно влијае на здравјето на срцето, Алтај рече: „Препорачуваме да не се јаде доцна. Метаболизмот не е погоден за тоа. Треба да вечераме во соодветно време и да не јадеме по 19:00-20:00 часот. Особено кога вечерата е придружена со алкохол, може да дојде до срцев удар наутро кога нивото на кортизон се зголемува.“
Алтај додаде дека во овие месеци треба да се консумира сезонска лесна храна.
Подвлекувајќи дека во топлиот период исхраната е важна за здравјето на организмот, Алтај рече:
„Препорачуваме летно време да се јаде повеќе сезонски зеленчук и овошје. Најмногу препорачуваме јадења од зеленчук. Не сакаме срцевите болни во текот на една недела да јадат повеќе од една порција црвено месо. Важно е да се внимава на ова. Препорачуваме консумирање риба без притоа да биде пржена. Сакаме тие да се држат настрана од секаков вид пржена храна. Ја консумираме покрај базени, покрај плажите, но е штетна. Јадењата треба да ги правиме без сол и не треба да јадеме пушена храна со висока содржина на сол.“