Şeyma Uzundere,Ekip
01 Февруари 2024•Ажурирај: 01 Февруари 2024
ПАРИЗ (АА) - Просветните работници од основните и од средните училишта во Франција денес стапија во штрајк барајќи подобри услови за работа и повисоки плати, пренесува Анадолу.
Француските медиуми објавија дека просветните работници штрајкувале во главниот град Париз и во многу други градови на повик на водечките француски синдикати за образование.
Додека синдикатите бараат подобрување на платите и условите за работа од декември 2023 година, изјавите на министерката за образование Амели Оуде-Кастер кон државните училишта предизвикаа реакции кај просветните работници.
Се известува дека синдикатот на образованието ФСУ-СНУипп предвидел стапка на учество во штрајкот од 65 отсто за Париз и 50 отсто за градовите Вал-де-Марн, Дром, Ардеш и Пиринеи-Атлантик.
Се очекува денес во штрајк да стапат 40 отсто од просветните работници во основните и во средните училишта низ државата.
Акцијата ја започнаа четири синдикати на образованието во Франција во декември 2023 година, барајќи зголемување на платите и подобри работни услови.
Незадоволството уште повеќе се зголеми откако министерката Оуде-Кастера објави дека наставата во државните училишта се одржува без наставници, па своите деца ги пратила во приватно училиште во Париз.