Ekipa
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во рамките на операцијата „Извор на мирот“, цивилите од Тел Абјад, кој се наоѓа источно од Еуфрат, почнаа да се враќаат во своите домови ослободени од терористите, пренесува Anadolu Agency (AA).
На петтиот ден од операцијата „Извор на мирот“, центарот на градот Тел Абјад, кој се наоѓа на територијата на Сирија, беше исчистен од терористите.
Припадниците на Сириската национална војска (СНВ), во рамките на мерките за безбедност, во центарот на градот продолжуваат со истрагите и пребарувањата.
Во меѓувреме, цивилите што привремено заминаа во безбедните области почнаа да се враќаат во своите домови.
Anadolu Agency (AA) вчера во живо од Тел Абјад го прикажа секојдневниот живот на граѓаните на Тел Абјад, мирот и спокојството во градот, кој 4,5 години беше под окупација на терористите.
- Состојбата во Тел Абјад -
Областа Тел Абјад, која е поврзана со Рака, чие население е претежно арапско, во јуни 2014 година беше окупирана од терористичката организација ДЕАШ.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК една година подоцна со интензивната поддршка од Соединетите Американски Држави (САД) ја презеде контролата во Тел Абјад.
Терористите на ПКК ги примораа Арапите од областа и Туркмените што живеат во западниот дел на областа да ја напуштат областа со заканите дека „коалиционите авиони ќе извршат воздушни напади во регионот“.