Бегалците не се закана за безбедноста, велат од ЕУ
Претседавачот со ЕУ, Луксембург, предупредува бегалците и мигрантите да не се прават жртвени јагниња по нападите во Париз
Ayhan Simsek
18 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
BerlinБЕРЛИН (АА) - Претседателот на ЕУ овој мандат, министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, остро ги критикуваше популистичките и десноориентираните политичари за правење жртвени јагниња од бегалците по нападите во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа не е бранот бегалци што го носи на тероризмот во Европа, секако, не“, рече Аселборн на 14-та Берлинска Конференција за безбедност што започна денес.
Тој ги критикуваше политичарите, кои само неколку часа по нападите од Париз нападнаа дека некои од извршителите се инфилтрирале во Европа меѓу барателите на азил, кој патуваат низ Балканот.
„Би сакал да предупредам против мешањето на овие две работи", рече Аселборн, нагласувајќи дека барателите на азил не биле извор на тероризмот туку жртви на теророт на Даеш во Сирија и Ирак.
„И не само Даеш. Срамота е што толку многу луѓе, меѓу кои и политичари, го користат стравот од можни нови напади по Париз, против луѓето кои бараат засолниште за подобра иднина во Европа“, рече тој.
Аселборн ги повика политичарите да се откажат од барањето краткорочни добивки преку анти-бегалска пропаганда, и да ги почитуваат вредностите на ЕУ, хуманоста и солидарноста.
„Дали бегалската криза е безбедносен проблем за Европа? Одговорот е не“, тврди тој.
„Најважно е да им биде тоа сосема јасно на нашите граѓани дека мигрантите и бегалците, кои бегаат за да ги спасат своите животи, не сакаат ништо повеќе од наоѓање на својот дигнитетот и својата безбедност во Европа.“
Бегалците кои пристигнуват во Европа не претставуваат поголема опасност од милионите други патници кои пристигнуваат или ја напуштаат Европа секоја година, потенцираше тој.
Аселборн нагласи дека многумина од сторителите на неодамнешното насилство во Европа не беа бегалци туку отуѓени, радикализирани во Европа родени млади луѓе.