Faruk Zorlu
21 Октомври 2023•Ажурирај: 22 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес во телефонски разговор со претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, ја нагласи важноста на меѓународната поддршка за прекин на огнот во Газа, известува Анадолу.
Дирекцијата за комуникации на Туркије, на социјалната мрежа Х објави дека двајцата претседатели разговарале за израелско-палестинскиот судир и за чекорите кои би можеле да се преземат за обновување на мирот во регионот.
„Наведувајќи дека сите држави треба да го дигнат својот глас за воспоставување на мирот во Газа што поскоро, претседателот Ердоган рече дека судирите станале закана за светскиот мир“, истакнуваат од Дирекцијата.