Şerife Çetin
12 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Третата по големина политичка група со либерално сфаќање во Европскиот парламент, Унијата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ), го промени своето име во „Обнови ја Европа“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пораката споделена од официјалниот твитер-профил на АЛДE, е објавено дека името на групата е променето во „Обнови ја Европа“ (Renew Europe).
Либералите постигнаа голем успех на последните избори. Во однос на претходните избори, бројот на пратеници го зголемија за 37 и сега имаат 105 места во Европскиот парламент и се трета по големина политичка група во Парламентот.
На изборите за ЕП одржани меѓу 23-26 мај, во 28 земји членки на ЕУ, на Европската народна партија (ЕПП) и Социјалдемократите (С & Д) од центарот им се намали бројот на пратеници, додека екстремно десничарските популистички партии, либералите и зелените, добија поголема моќ.
Мандатот на Европскиот парламент, кој се состои од вкупно 751 место, ќе започне на 2 јули.