Diyar Güldoğan
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кремљ денес изјави дека постои можност рускиот и американскиот претседател да се сретнат во Виетнам во текот на наредната недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Дмитри Песков вели дека се во тек разговори за организирање на можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот за азиско-пацифичка економска соработка во Да Нанг.
„Не ја исклучуваме можноста за одржување на таков состанок, всушност, преговорите се во тек“, рече Песков, според информациите што ги пренесе официјалната новинска агенција ТАСС.
Трамп за „Fox News“ (Фокс њуз) вчера изјави дека постои можност да се состане со Путин во Виентам за да дискутираат во врска со Северна Кореја.
Самитот ќе се одржи од 8 до 10 ноември.
Вестите за можната средба дојдоа откако Трамп се соочи со зголемен пристиок во САД во врска со поврзаноста меѓу неговата изборна кампања и Русија.
Во понеделникот, истражувачите открија дека помошникот на кампањата се согласил да соработува откако признал дека ги лажел ФБИ и поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, беше обвинет за заговор и за перење пари.
Путин и Трамп првпат се состанаа во јули, на Самитот Г-20 во Хамбург, Германија.