Elena Trenchevska Chekovikj
03 Јули 2025•Ажурирај: 08 Јули 2025
МАЛАТИЈА (АА) - Најдолгиот железнички мост во Турција, што се наоѓа во источната турска област Малатија, плени со својата впечатлива силуета на зајдисонце.
Спојувајќи ги преку реката Еуфрат округот Баталгази во Малатија и округот Баскил во Елазиг, мостот се протега во должина од 2.030 метри, што го прави најдолгиот железнички мост во земјата.
Отворен е во 1986 година, и преку него сообраќаат и товарни и патнички возови, меѓу кои и „Ѓунеј Курталан експрес“.