Bekim Laci
21 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претставници на авто-школите во Македонија, повторно, со своите возила го блокираа булеварот пред зградата на Владата, незадоволни од тоа што нивните барања за поништување на законот кој бара поставување на камера во внатрешноста на автомобилот, снимање и архивирање на материјалот, не се земаат в предвид, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај неговата претходна изјава, дека по средбата со претставници од Министерството за внатрешни работи (МВР) видел позитивни сигнали за одложување на спроведувањето на законот, претседателот на Националното здружение на автошколи, Јонче Апостоловски, рече дека оттогаш работите не се помрднале ниту сантиметар, иако беше прифатено нивното барање за одложување на рокот за почеток на спроведувањето на законот.
"Дури и денес баравме прием од страна на некој државен службеник кој би можел да ни даде одговор во врска со нашето барање, но одговорот што го добивме е дека нема никој внатре", рече Јончевски кој објасни дека одложувањето на крајниот рок е само една привремена мерка која за цел ја има откочување на работата, затоа што како што рече, сè е ставено на пауза, кандидатите чекаат, нема обука, особено практична обука на кандидати за возачи пред испит.
Според него, прашањето остана само во потпишувањето на документот.
"Официјалниот одговор кој го имаме од МВР е дека се прифатил предлогот да се одложи спроведувањето во рок од една година, но работите се заглавени во владата. Веројатно се заглавила на седница на Владата, но според она што го имаме како информација дека е заглавено во потпишувањето", вели Јончевски.
Претставниците на авто-школите во текот на денот ќе изградат став на кој начин ќе продолжат да го демонстрират незадоволството, иако предупредувањето за останување пред зградата на Владата не е конечно. Сепак, тие велат дека за последните случувања ќе ја известат Канцеларијата на Европската унија во Република Македонија.
Инаку, инсталирањето на камери во автомобилите беше предложено и во 2007 година, но неговото спроведување беше одложено за период од три години, а во 2010 година донесувањето на законот беше откажано.