Hajer M'tırı
02 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ПАРИЗ (AA) - Претседателот на Франција Франсоа Оланд во четврток изјави дека ќе се откаже од кандидатурата на изборите за претседател на земјата кои ќе се одржат наредната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на нацијата Оланд истакна дека во текот на претходните четири години работел многу посветено и чесно за националните интереси.
„Решив дека нема да бидам кандидат на претседателските избори", рече Оланд, кој должноста шеф на државата ја обавува од мај 2012 година.
Нагласи дека националните интереси ги стави пред личните, додавајќи дека сепак нема да се кандидира за втор мандат во трката за претседател на Франција.
Истакна дека Франција во наредниот период не треба да се изолира и нагласи дека не треба да се следат протекционистичките политики.
Откако Оланд се откажа од кандидатурара, постои можност пред Социјалистичката партија да се кандидира актуелниот премиер Мануел Валс.
Владејачката левица во Франција вчера започна партиска изборна трка за претседалски избори 2017 година.
Останатите кандидати имаат рок до 15 декември да се пријават за внатрепартиските избори.
Наредните претседателски избори во Франција ќе бидат одржани на 23 април и 7 мај 2017 година.