Bahtiyar Abdukerimov
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ТАШКЕНТ (АА) - Во Узбекистан на 4 декември ќе бидат одржани предвемени претседателаски избори на кои ќе се бира неговиот наследник, а сите четири парламентарни партии веќе ги објавија имињата на своите претседателски кандидати, јавува Anadolu Agency (AA).
Долгогодишниот претседател на Узбекистан, Ислам Керимов, почина на 2 септември откако на чело на таа земја беше од март 1990 година, а Централната изборна комисија на таа земја најави предвремени претседателски избори за 4 септември.
Узбекистан е земја со претседателски систем на власта и кандидирањето на претседателските кандидати претставува ексклузивно право само на парламентарните партии.
Трите опозициски партии, Демократската партија на националното образование, Социјалдемократската партија и Народна демократска партија на претседателските ибори ги кандидираа своите лидери, Сарван Атамурадов, Нариман Уманов и Хотемјон Кетмонов.
Владеачката Либерално демократска партија за претседателски кандидат го именуваше актуелниот премиер и привремениот вршител на должност на претседателот на Узбекистан, Шавкат Мизијајев.
Во склад со Уставот на Узбекистан, по смртта на претседателот, неговата фунцијата ја презеде претседателот на Сенатот, но Нигматилa Јолдашев не можеше да ја преземе таа задача, па парламентот на минатонеделната заедничка заедница на двата дома на таа функција го избра премиерот Мирзијајев.
Во Узбекистан живеат речиси 32 милиони жители, а на декемвриските претседателски избори право на глас ќе имаат 21,5 милиони бирачи.
Во согласност со изборниот закон на таа земја, кандидатурата за претседателси избори ја поднесуваат исклучително парламентарните партии, а право да биде партиски кандидат има секој државјанин на Узбекистан постар од 35 години и под услов дека последните десет години поминал во таа земја.