Zafer Fatih Beyaz
27 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, утре ќе допатува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од прес-центарот на Владата на Турција, премиерката Меј на покана на премиерот Бинали Јилдирим, доаѓа во официјална посета на Турција.
Во рамките на посетата на премиерката Меј, покрај разгледувањето на различните аспекти на турско-британските билатерални односи, со цел да се продлабочат можностите за меѓусебна соработка, борбата против тероризмот, решавање на кипарското прашањето и прашањата поврзани со ЕУ, се очекува да стане збор и за актуелните регионални и меѓународни прашања.