Aslı Aral
04 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј, како претседател на Конзервативната партија, на годишниот конгрес на партијата во Бирмингем говореше за медиумите, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерката Меј изјави дека голем број држави изразиле желба за билатерални трговски договори со Британија по нејзиното излегување од ЕУ. Меј истакна дека излегувањето создало големи можности и очекува дека на глобално ниво Британија ќе стане лидер во слободната трговска размена.
Премиерката рече дека Велика Британија надвор од ЕУ добила значајни можности и додаде: „Процесот на преговори со ЕУ нема да биде едноставен. Тоа ќе биде тежок пат. Се надевам дека со ЕУ ќе го постигнеме вистинскиот договор. Ќе бидам одлучна на средбите. Во рамките на договорот што треба да се постигне со ЕУ, посакувам да може и да се прави трговска размена. Посакувам фирмите од ЕУ да можат да работат и во Британија“.
Од друга страна, односот меѓу фунтата и доларот со вредноста од 1,27 долари се наоѓа на најниското ниво во последните 31 година. Причина за падот на фунтата е вчерашното соопштение на премиерката Меј за датумот за излез на Британија од ЕУ.