САД во 2014 најголема војна помош доделиле на Израел и Египет
Три четвртини од воената помош на другите земји за кои САД издвоиле минатата година доделени се на Израел и Египет
????? ????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
ВашингтонВАШИНГТОН (АА) – САД во 2014 година за помош на другите земји издвои вкупно 35 милијарди долари, од тоа 5,9 милијарди долари е издвоено за воена помош, а три четрвртини од таа воена помош доделена е на Израел и Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на САД го објави годишниот извештај за надворешна помош во кој се наведуваат сите детали за земјите и проектите кои таа држава ги помогнала минатата година.
Вкупната економска помош која САД ја даде на другите земји за 2014 година изнесуваше 35 милијарди долари, но најголемо влијани привлече издвојувањето за воената помош на странските држави, за која САД издвоиле 5,9 милијарди долари.
Во извештајот се наведува дека највеќе воена помош му е дадена на Израел и тоа 3,1 милијарди долари. Оваа сума изнесува четвртина од израелскиот буџет за секторот за одбрана.
Египет е втората земја по воената помош на САД за минатата година, а таа изнесуваше 1,3 милијарди долари.
Тоа не е ништо ново доколку се има на ум дека властите на САД од 1987 година на Египет редовно му даваат по 1,3 милијарди долари воена помош.
САД е најголемиот донатор на воена помош на Израел и на Египет од 1979 година, кога помеѓу тие две земји, со посредство на Вашингтон е потпишан Договор во Камп Давид за со кој е заврши тогашната војна на Блискиот Исток.
Покрај спомнатите две земји, САД минатата година на Јордан и Ирак им даде по 300 милиони долари воена помош, на Пакистан 280 милиони, на Либан 75 милиони, на Филипини 50 милиони, Колумбија 28,5 милиони и по 20 милиони долари на Тунис и Јемен.
Во јуни оваа година на Конресот е расправано за помошта на Израел и тогаш е нагласено дека Израел е држава на која САД и дава најголема надворешна помош уште од завршувањето на Втората светска војна.
САД од настанувањето на Израел и доделиле вкупно 124,3 милијарди долари помош, а речиси цел тој износ е издвоен за воена помош.
САД и Израел за време на мандадот на американскиот претседател Џорџ В. Буш, потпишаа билатерален договор со кој САД се обврзува во период од 2007 до 2018 година на Израел да му дава по 30 милијарди долари воена помош.
Актулниот американски претседател Барак Обама за време на официјална посета на Израел во 2013 година изјави дека ќе го почитува тој договор.