Kristina Maslareviç
23 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
БЕЛГРАД (AA) – Во недела, на 24 април од седум до 20 часот, полнолетните граѓани на Србија ќе имаат прилика да гласаат за новиот состав на Народното собрание на Србија на вонредни парламентарни избори кои се одржуваат нешто повеќе од две години од минатите, исто така, вонредни избори, јавува Anadolu Agency.
Изборната листа на кандидатите, која ја утврди Републичката изборна комисија (РИК) ја сочинуваат 20 коалиции, политички партии и групи на граѓани. Пред утврдување на конечната листа за избори, на РИК му беа предадени 30 изборни листи, од кои една одби Управниот суд, три се повлечени а шест одби РИК.
- Повеќе од 6,7 милиони гласачи -
Под реден број еден на гласачкото ливче ќе биде листата под називот
„Александа Вучиќ- Србија победува", под бројот два коалицијата на Демократската партија со називот „ За праведна Србија - Демократска странка (Нова, ДСХВ,ЗЗС)“, додека под бројот три листата „Ивица Дачиќ- Социјалистичка партија на Србија (СПС), Единствена Србија (ЈС) - Драган Марковиќ- Палма".
Српската радикална партија се наоѓа под редниот број четири а зад неа следува коалицијата на Демократската партија на Србија (ДСС) и Движењето Двери. Шестото место на гласачкото ливче го зазема Сојузот на војвоѓанските Унгарци, а седмото место и припаѓа на листата „Борис Тадиќ, Чедомир Јовановиќ - Сојуз за подобра Србија- Либерално демократска партија, Лигата на социјалдемократите на Војводина, Социјадемократска партија" .
Под редниот број осум се наоѓа листата „Муамер Зукорлиќ- Бошњачка демократска заедница на Санџак", потоа следува листата „Партија на демократска акција на Санџак - Др. Сулејман Угљанин", додека под реден број десет се наоѓа листата "Српскиот сабор на Заветници" . Следуваат листите на групи граѓани „За препород на Србија- професор Слободан Комазец", потоа листата "Руска странка- Слободан Николиќ", а на тринаесетото место е „ Републиканска странка - Републиканус парт- Никола Сандуловиќ“.
„Српско-руско движење Слободан Димиријевиќ" зазеде 14 место на ливчето, а зад него следуваат листите „ Борко Стефановиќ- Србија за сите нас", „Дијалог на младите со став- Станко Дебељаковиќ", како и "Доста беше- Саша Радуловиќ". „Партијата за демократско делување- Ардита Синани" ќе биде под бројот 18, Зелена странка под бројот 19, додека последната листа на гласачкото ливче ќе биде "Во инат- сложно за Србија- Народен сојуз".
Испечатени се вкупно 6 милиони 771 илјада и 497 гласачки ливчкиња, што опфаќа вкупен број на гласачи 6.737.808 плус 33 илјади 689 резервни гласачки ливчиња.
Гласањето ќе биде овозможено на 8.378 гласачки места, од тоа на територијата на Србија ќе бидат отворени 8.311 во затворите 29, додека во странство ќе бидат отворени 38 гласачки места.
- Гласање и во БиХ, Црна Гора, Хрватска, Австрија ...
Гласачките места во странство се отвараат во просториите на дипломатско конзуларните претставништва, а основен услов кој би требало да го исполнат да биде отворено гласачкото место е да бидат пријавени најмалку 100 гласачи.
Државјаните на Србија кои живеат во Велика Британија, Канада и САД, на гласање ќе излезат во сабота, на 23 април, од 7 до 20 часот, по локално време, додека гласањето во Австрија, Белгија, БиХ, Италија, Јужноафриканска република, Македонија, Романија, Русија, Германија, Словачка, Словенија, Турција, Обединети Арапски Емирати, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка и Швајцарија ќе биде извршено на 24 април од 7 до 20 часот по локално време.
Како што рече претседателот на РИК, Дејан Ѓурѓевиќ, изборите ќе ги следат 1.687 домашни и странски набљудувачи.
-Конечни резултати најдоцна до 28 април-
Конечните резултати на изборите, според законот, мора да бидат соопштени од страна на РИК, најдоцна до 28 април, во 20 часот, а доделувањето на мандатите на новите пратеници, за нив 250, колку го сочинуваат Собранието на Србија, предвидено е во рок од десет дена од објавувањето на вкупните резултати од изборите.
Во распределба на пратеничките мандати учествуваат само изборните листи кои ќе го поминат цензусот, односно ќе добијат најмалку 5 отсто гласови од вкупниот број на гласачите, а исклучок се изборните листи на политичките партии на националните малцинства, кои во распределбата на пратеничките мандати учествуваат без оглед на бројот на гласови кои го добиле.
По конституирање на Собранието следува формирање на Владата, која со мнозинсво на гласови ја избираат пратениците, на предлог на новиот премиер.
Освен парламентарните избори, истиот ден во Србија ќе бидат одржани и провинциските локлани избори.