Amina Zorniç
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ЕДИНБУРГ (АА) - Премиерката на Шкотска, Никола Стурџон, најавува дека наскоро би можело да дојде до референдум во Шкотска, откако Велика Британија избра излез од Европската унија (ЕУ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Стурџон минатата недела повторно го актуелизираше референдумот за незавсноста на Шкотска од Велика Британија потврдувајќи дека ќе го предаде предлогот на законот со кој ќе биде поставен темелник за одржување на овој референдум.
Шкотите на референдумот 2014 година ја отфрлија независноста, а повторното прашање за излез од Обединетото Кралство е поттикнато на 23 јуни оваа година кога Британците со референдум изгласаа излез на својата земја од ЕУ, односно Брегзит.
Стурџон тврди дека „нема рационална причина” , Велика Британија да излезе од единствениот пазар на ЕУ, и дека Шкотска „има право повторно да одлучува за патот кој сака да го одбере ”.
„Доаѓа време иднината на Шкотска да биде во рацете на Шкотска” , изјави Стурџон во обраќањето на конференцијата на Шкотската национална партија (СНП) во Глазгов.
На гласањето пред две години шкотските гласачи ја отфрлија независноста со 55 отсто од гласовите.
Од друга страна, Шкотите на 23 јуни на референдумот во рамките на Велика Британија во мнозинство се изјаснија за останување во ЕУ, но всушност излегоа бидејќи Велика Британија гласаше во целина.