Amina Zorniç
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Републиканскиот кандидат за американски претседател, Доналд Трамп, ја обвини својата ривалка од редот на Демократите, Хилари Клинтон, дека за време на нивната измината дебата „била на нешто”, истакнувајќи дека пред следната дебата треба да се подложи на тестирање на дрога, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според известувањата на Би-би-си, контроверзниот Трамп го изјави ова зборувајќи на предизборниот собир во Њу Хемпшир.
„Таа беше на нешто, едвај успеа да стигне до својот автомобил... Мислам дека треба да земе тестови за дрога”, изјави Трамп.
За време на втората јавна дебата со Клинтон, во понеделникот на 10 октомври, Трамп изјави дека својата ривалка би ја „ставил во затвор”, доколку би го добил местото на американски претседател.
Тој изјави дека Клинтон „не е издржлива” за извршување на работа на претседател и се осврна и на аферата која ја имаше нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон.
Клинтон, од друга страна, се фокусираше воглавно на навредливите коментари на Трамп, упатени кон жените како и расистичките и хомофобни коментари упатени кон муслиманите.
Клинтон и Трамп се конфронтираа и за низа други прашања како данок, здравствено осигурување и војната во Сирија.
Неизвесно е кој од двајцата кандидати има повеќе поддршка од граѓаните пред изборите на 8 ноември.