ПАРИЗ (АА) - За шест месеци во Франција ќе се одржат претседателски избори. За таа цел, кандидатите на десно ориентираните републикански партии излегоа во 1. круг на гласање, кое уште во првиот круг даде изненадувачки резултати, јавува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот премиер на Франција, Франсоа Филон, кој според анкетите се наоѓаше на третото место, направи најголемо изненадување, освојувајќи 44,1 отсто од гласовите. Тој го зазеде првото место, пред фаворизираниот поранешен премиер на Франција, Алан Жупе, кој е на второто место со освоени 28,6 отсто од гласовите.
Поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози доживеа разочарување, освојувајќи само 20,6 отсто од гласовите. Според овие резултати, бидејќи никој нема освоено повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе биде организиран втор круг на гласање, во кој ќе учествуваат Филон и Жупе, со што Саркози се збогува со својата кандидатура за претседател.
Низ цела Франција се гласаше на 10.228 локации, и излезноста на гласачите е над очекуваната. Според неофицијалните резултати, гласале повеќе од 4 милиони граѓани.
Сите оние што имаат републиканска партиската избирачка книшка и што платите две евра имаат право да гласаат на изборот за нивен кандидат. Според извршените анализи на јавното мислење меѓу овие гласачи, 15 отсто од гласачите имаат леви гледишта, додека 8 отсто од нив се крајно десно ориентирани.
По гласањето, изјава даде Саркози, кој го прифати поразот и рече дека во вториот круг ќе му даде поддршка на Филон.
По објавувањето на гласовите, најголем интерес предизвика прашањето кому во 2. круг својата поддршка ќе му ја дадат кандидатите што загубија. Според досегашните изјави, Саркози и 5. пласираниот Бруно Ле Мер поддршката ќе му ја дадат на Филон. Натали Коско – Морисет, која се наоѓа на 4. Позиција, упати апел гласачите да гласаат за Жупе.
Вториот круг на гласање за претседателскиот кандидат на десницата во Франција ќе се одржи на 27 ноември.
- Анкетите повторно погрешија -
Една од главните теми на дневен ред по изборите во САД беа погрешните информации од анализите што ги претставија компаниите за истражување на јавното мнение. Слична ситуација имаме и во Франција, за избор на кандидат на десницата за претседателски кандидат во Франција.
Според анкетите, кои со месеци го прикажуваа Жупе како фаворит на изборот за кандидат на републиканците, Саркози беше на втората позиција, додека Филон беше на третата позиција. Додека сите коментари и очекувања беа насочени кон разгледувањето на прикажаните резултати од анализите, само една анкета за јавното мнение прикажа дека се зголемува бројот на гласови за кандидатот Филон.
Според процените дадени по изборите, за резултатите многу поразлични од оние предвидените според анкетите, се посочуваат верските и левоориентираните организации. За да не дозволат Саркози да остане во 2. круг на гласање, левооринираните избирачи поитале на гласачките места и го дале својот глас за Филон, со што поранешниот француски претседател испадна од играта за претседателски кандидат.
Една друга претпоставка што го привлекува вниманието е интервенцијата на католичките здруженија и организации кои се против истополовите бракови. При донесувањето на законот за истополови бракови, Филон беше изјавил дека е против членот за „присвојување деца од страна на истополови парови“. Овој свој став Филон го искажа и за време на изборната кампања. Се смета дека овој негов став му донесе голем број гласови од страна на католичките здруженија и организации, кои се многу моќни во Франција.
- Накратко за политиката на Филон и Жупе -
Во периодот кога Саркози беше претседател на Франција, Филон беше премиер на Франција. Филон смета дека е потребно да се зголеми дијалогот со Русија, Иран и со Асад, додека Жупе изјави дека нема да седне на преговарачка маса со Асад и го застапува ставот дека со Русија и со Иран треба да се држи одредена дистанца.
Од 1993 година досега, Филон повеќепати извршувал функција во министерствата. Неговиот портпарол ѝ е познат на турската јавност. Тоа е пратеничката од Марсеј, Натали Бојер, која во францускиот Парламент најфанатично го застапуваше ставот за наводните настани во Турција од 1915 година и беше поборник за изгласување закон во Франција.
И Филон и Жупе се против членството на Турција во ЕУ. Повеќепати досега, двајцата кандидати имаат изјавено дека нема место за Турција во ЕУ. Филон има поостар став кон Турција во врска со членството во ЕУ, додека Жупе има потопло и не толку остро гледиште кон Турција.
Зголемувањето на екстремно десничарсктие говори, длабоко влијаеше на кампањите за претседателсктие избори. Може да се забележи дека големо влијание имаат говорите на двајцата лидери, во кои тие ги напаѓаат муслиманите и странците. Филон за време на кампањата имаше изјавено: „Франција нема проблем со верите. Франција има проблем со исламската вера“. Жупе во својата кампања упатуваше поублажени пораки насочени кон муслиманите. Пред два месеца, Филон ја издаде книгата „Победа над исламскиот тоталитаризам“, во која зборува за 5-те милиони муслимани што живеат во Франција.
Пристапот кон ЕУ е различен кај двајцата кандидати. Филон го застапува ставот дека е потребно отворање на раководство за еврозоната, додека Жупе бара реформи за намалување на администрацијата и за формирање одбранбени сили на ЕУ. Двајцата лидери во кампањите изјавуваа дека сакаат помоќна ЕУ и дека ќе се борат за Франција што ќе има поголемо право на збор во ЕУ.
За време на кампањата, сите кандидати имаа три заеднички теми, а тоа се реформи во образованието, вработувањето и економијата. Запирањето на инвестициите, невработеноста на младите, економската стагнација и депресијата во која се наоѓа Франција во последните неколку години се дел од темите за кои зборуваа двајцата претседателски кандидати од страна на десницата.
Заврши 1. круг на прелиминарните избори кои се одржуваат за првпат во историјата на Франција и имаа за цел да го посочат кандидатот кој би можел да се всели во палатата на Елисејските полиња. Ова се прелиминарни избори што ќе го одредат кандидатот кој за 6 месеци ќе му се спротивстави на Ле Пен. Вториот круг на гласање ќе се одржи на 27 ноември.