Ekipa
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Мануел Валс, премиерот на Франција, вели дека британскиот глас за напуштање на Европската унија е бизнис прилика за Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Валс во саботата за локалните медиуми изјави дека Владата работи на подобрување на атрактивноста на францускиот главен град, и дека подготвува конкретни мерки во однос на даноците и статусот на странците.
Валс им порача на меѓународните компании "Добредојдовте во Париз, дојдете и инвестирајте во Франција".
Поради британското гласање за напуштање на ЕУ, некои компании со седиште во Лондон размислуваат да се преселат во други градови, како што Даблин, Амстердам, Франкфурт и Париз, затоа што тоа ќе имаат корист од големиот пазар на Европската унија.