Qays Abu Samra, Meryem Kasım
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
НАБЛУС (АА) – Откако е нападната во Наблус од израелски војници поради сомнение „дека имала намера да изврши напад над војниците со ладно оружје “, младата Палестинка ја изгуби животната битка, јавува Anadolu Agency (AA).
„На југот од Наблус, израелски војници ја нападнаа Ескарат Катнани (16) по што девојката почина“, наведено е во соопштението на Министерството за здравство на Палестина.
Како што соопштија очевидци за АА, Палестинката првин ја удрил автомобил, со кој управувал Израелец, а потоа ја нападнале војниците.
Претходно, израелскиот Канал 2 соопшти дека една „жена е повредена поради сомнение дека имала намера со ладно оружје да нападне израелски војници“.
Како што јавува израелкото радио, израелската војска „поради учеството во насилни демонтрации“ привела 19 Палестинци, меѓу кои се наоѓале и четворица членови на движењето Хамас.