Safiye Karabacak
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
ГАЗА (АА) - За време на интервенцијата на израелските војници на протестите против одлуката на Трамп за Ерусалим (Кудс), одржани во пограничните подрачја на Западниот брег и Газа, загинаа двајца палестински момчиња, додека три лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ешреф ел Кудра изјави дека во бегалскиот камп Ел Бериџ загинал 16 годишниот Емир Абдулхамид Еу Мусиад.
Тој истакна дека момчето било погодено со куршум на израелската војска во пределот на градниот кош.
За време на интервенцијата на израелските војници на протестите на истото подрачје се ранети уште тројца Палестинци.
Во соопштението на Министерството за здравство на Палестина се наведува и дека израелските војници во селото Ирак Бурин, во градот Наблус на северниот дел на Западниот брег, усмртиле 16 годишно палестинско момче Али Амро Кајну.
Наср Кајну, роднина на убиениот Палестинец, за АА потврди дека израелските војници го убиле младиот Али на самиот влез во селото.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 6 декември официјално го призна Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, на различни подрачја на Западниот брег и во Газа се одржуваат протести.