Ekip
09 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
СЕУЛ (AA) – Јужнокорејските парламентарци во петок гласаа за смена на претседателката Парк Геун Хје. Неопходното двотретинско мнозинство за нејзината смена беше обезбедена многу полесно од очекуваното, javlja Anadolu Agency (AA).
Со тајно гласање во Народното собрание, кое има 300 места, дури 234 парламентарци гласаа за смена на претседателката на државата, што покажува дека и членовите на нејзината партија се свртеа против Парк.
Премиерот Хванг Кјо-ан привремено ќе ја преземе улогата на претседател додека Уставниот суд има рок од 180 дена да прифати или да ги одбие резултатите од гласањето на парламентарците.
Смената на Парк би можела да доведе до нови избори на кои за претседател би можел да се кандидира Бан Ки-мун, поранешениот генерален секретар на ОН.
Ваквата последна смена на претседател на Јужна Кореја се случи 2004 година кога е изгласана недоверба на Рох Му-хјун, а на Уставниот суд му беа потребни 63 дена да ја потврди одлуката. Опозицискиот блок се надева на побрза одлука на судот, а со самото тоа и брзо распишување на изборите, со што би се дошло до независна истрага против претседателката Парк.
Последните неколку недели милиони демонстранти се собираа барајќи заминување на претседателката Парк, откако е обвинета дека на нејзината стара пријателка, ќерка на верски култен лидер и дозволувала да се меша во важни државни работи.
Нејзиното јавно извинување предизвика уште поголеми критики на смета на нејзиното лошо управување со националните информации и грубиот стил на раководење, за кој многумина сметаа дека бил нетранспарентен.