Ekip
06 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
ВИЕНА (АА) - Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија, изјави дека се зголемуваат шансите Велика Британија и Европската Унија да постигнат договор за Брегзит, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јункер изјави дека „потенцијалот на приближување меѓу двете страни е зголемен во последните неколку дена“.
Преговорите за Брегзит заглавија минатиот месец, откако ЕУ рече дека предлогот на британската премиерка Тереза Меј во врска со економските односи по „разводот“ се неприфатливи.
Главна пречка е настојувањето да се обезбеди да нема царински испостави или гранични контроли долж границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, која е членка на ЕУ.
Лидерите на ЕУ велат дека е неопходно да се постигне напредок на Самитот закажан за 17 и 18 окотомври, за да се постигне договор пред Велика Британија да го напушти европскиот блок на 29 март идната година.