Hajer M'tırı
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
ПАРИЗ (АА) - Првиот заменик-претседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, денес предупреди дека овомесечниот самит на ЕУ доаѓа во поволен момент и дека Европа мора да ја преземе својата судбина во сопствени раце, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е прв пат од 1945 година американскиот претседател да не го гледа за американски стратешки интерес напорното работење за обезбедување жива и обединета Европа и цврсти трансатлантски односи“, рече Тимерманс на состанокот на европските пратеници во Стразбур.
„Тоа значи дека ЕУ треба да ја преземе својата судбина во сопствени раце“, рече тој, додавајќи дека единството на ЕУ се гради врз основа на земјите членки кои доброволно и демократски одлучија да ги поврзат нивните судбини и заедно да ја обликуваат својата иднина.
Шефовите на владите на ЕУ ќе се состанат во Брисел на 28 и 29 јуни, за да разговараат за итните политички приоритети на Европската Унија, вклучувајќи и како да се придвижат напред со заедничкиот систем на ЕУ за азил, како и да го оценат напредокот на тековните преговори Брегзит.
Тие, исто така, се очекува да разговараат и за следниот долгорочен буџет на ЕУ, безбедноста, одбраната, иновативната и дигитална реформа на Европа и Еврозоната.