Fatih Erel
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
ЖEНЕВА (АА) - Големи напори се вложени во пронаоѓањето на 200 лица кои исчезнаа по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, изјави денес официјален претставник на ОН, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Напорите за спасување продолжуваат, и покрај моменталните вулкански активности кои носат лава, токсични гасови, топол пепел и камења“, рече портпаролот на УНХЦР, Андреј Махечиќ.
Mахечиќ истакна дека вулканот Фуего е сè уште активен и изрази загриженост дека новите прогнозирани врнежи би можеле да го зголемат ризикот од лизгање на земјиштето.
Најмалку 110 лица загинаа, 12.784 беа евакуирани, а 1,7 милиони се погодени од ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала.