Sena Güler
03 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Младите во Азербејџан денеска му се заблагодарија на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, за поддршката која Анкара ја пружа на Баку, велејќи дека се горди на тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Младите Азербејџанци преку видеоснимка му се заблагодарија на Чавушоглу за поддршката на Турција во ослободувањето на нивните територии кои речиси три децении беа под окупација на Ерменија.
„Вие го поддржавте Азербејџан во својата праведна кауза. На целиот свет го покажавте единството и солидарноста на Турците“, рекоа азербејџанските војници, исто така велејќи дека се горди на Чавушоглу за неговата љубов, грижа и поддршка за Азербејџан.
На снимката се пренесени и пораките на децата на ветераните и на општата јавност од кои една гласи: „Една нација, две држави: Азербејџан-Турција“.
„Секогаш ја чувствуваме вашата љубов и поддршка за Азербејџан. Уште еднаш бевме сведоци на тоа за време на војната во Карабах, во маршот на Азербејџан за своите права и правдата“, велат тие.
По речиси еден месец судири, Азербејџан и Ерменија на 10 ноември потпишаа договор за прекин на огнот посредуван од Русија.
До завршувањето на судирите, Баку ослободи неколку градови и речиси 300 населби и села од ерменската окупација.
Турција го поздрави примирјето како победа за Азербејџан и пораз за Ерменија, која го окупира Нагорно Карабах, територија призната како дел од Азербејџан и седум соседни региони од почетокот на 1990 година.