Mahmut Atanur
03 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ЏАКАРТА
Нова ерупција се случи на вулканот Левотоло, кој се наоѓа во регионот Лембата во индонезиската провинција Источна Нуса Тенгара, известува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи (ЦВУГК) објави дека последната ерупција на вулканот Левотоло траела 25 секунди, при што чадот и пепелта се искачиле на висина од 200 метри над кратерот на вулканот.
Агенцијата за управување со катастрофи на Лембата соопшти дека поради опасноста што постои поради вулканот, заклучно од вчера се евакуирани 7.968 лица што се наоѓале во опасната зона.
Заедно со последната ерупција на вулканот Левотоло, во чие подрачје на 30 ноември е прогласено „портокалово“ ниво на тревога поради зголемената вулканска активност, од 27 ноември досега се случија пет ерупции.
Од друга страна, по ерупцијата на вулканот Семеру во провинцијата Источна Јава, од 1 декември досега од подножјето на вулканот се евакуирани 550 лица.
Системот за тревога на вулканите во земјата се состои од 4 степени: „зелен“, „жолт“, „портокалов“ и „црвен“ - највисоко ниво.
Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен - појас на земјотреси и вулкани, и има 127 активни вулкани.