Mohammad Sio
25 Јуни 2026•Ажурирано: 25 Јуни 2026
Неколку арапски земји упатија сочувство и изразија солидарност со Венецуела по двата силни земјотреса што го погодија крајбрежјето западно од главниот град Каракас. Во овие потреси има загинати и повредени, а предизвикана е огромна штета на куќите, зградите и инфраструктурата, јавува Анадолу.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Јордан во одделни соопштенија упатија сочувство до Владата и народот на Венецуела, посакувајќи им брзо закрепнување на повредените.
Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија изрази искрено сочувство до семејствата на жртвите, како и до Владата и народот на Венецуела по земјотресот.
Кралството, исто така, објави дека се солидализира со Венецуела и изрази надеж за брзо закрепнување на повредените и пронаоѓање на лицата што се водат како исчезнати.
Министерството за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека се солидализира со Венецуела по двата последователни земјотреса.
Министерството упати сочувство до семејствата на жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените.
Министерството за надворешни работи на Јордан, исто така, упати сочувство до венецуелската Влада и народ.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Суфијан Кудах, изјави дека Јордан се солидализира со Венецуела, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите и желби за брзо закрепнување на повредените.
Силни земјотреси го погодија северниот карипски брег на Венецуела доцна синоќа, предизвикувајќи голема штета и активирајќи предупредувања за цунами низ регионот, при што загинаа најмалку 164 лица, а 900 се повредени.
Следниот ден вршителката на функцијата претседател на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба на национално ниво.
Геолошкиот институт на САД (USGS) проценува дека постои веројатност од 42 отсто бројот на жртвите да достигне меѓу 10.000 и 100.000 лица.
Сојузната држава Ла Гваира, во близина на Каракас, е најтешко погодена од земјотресите со интензитет од 7,2 и 7,5 степени.