Yusuf Mahmud,Zeynep Tüfekçi
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
МАСКАТ (АА) - Министерот за одбрана на Велика Британија, Мајкл Фалон, изјави дека неговата земја ги поддржува напорите на Оман за воспоставување дијалог меѓу земјите на Заливот, со цел да се реши кризата, јавува Anadolu Agency (AA).
Фалон за време на престојот во Оман даде изјава за новинската агенција „ONA“ (ОНА).
Британскиот министер е задоволен со улогата на официјален Маскат за смирување на тензиите меѓу Катар и одредени арапски земји.
„Ги поддржуваме напорите што Оман ги вложува за да ги доведе земјите од Заливот на преговарачка маса, како и за решавање на кризата“, изјави Фалон.
Тој истакна дека до неговата посета е со цел да се зајакне соработката меѓу вооружените сили на двете земји.
Кризата меѓу Катар и одделни земји се појави на почетокот на јуни, со прекинувањето на сите дипломатски односи на Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет со таа земја.