Ecem Şahinli Ögüç
09 Јануари 2025•Ажурирај: 10 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Во Газа има многу сериозна и срамна хуманитарна ситуација, изјави духовниот водач на католиците, папата Франциск, известува Анадолу.
За време на средбата со дипломатите, папата Франциск уште еднаш повика на прекин на огнот во Газа.
„Во Газа има многу сериозна и срамна хуманитарна ситуација. Повикувам да се обезбеди сета неопходна помош за палестинскиот народ“, рече папата Франциск, пренесува италијанската агенција АНСА.
Тој изрази надеж дека страните во Газа ќе го обноват дијалогот и меѓусебната доверба.
„На тој начин идните генерации ќе можат да живеат едни покрај други, во мир и сигурност, а Ерусалим може да стане град во кој христијаните, евреите и муслиманите ќе живеат заедно во хармонија и со меѓусебно почитување“, рече папата Франциск
Тој предупреди на зголемениот ризик од нова светска војна и апелираше на дипломатија и дијалог.