Aida Cako
01 Декември 2025•Ажурирај: 02 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Со блескав сјај и празнична атмосфера во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, беше одржана 93. традиционална Божиќна парада, еден од најзначајните и најстарите празнични настани во американската забавна индустрија, јавува Анадолу.
Настанот, кој датира од 1928 година, и оваа година го означи почетокот на празничната сезона со голем број ѕвезди, украсени платформи, оркестри и настапи што привлекоа илјадници посетители.
Уште од основањето парадата претставува неизоставен дел од холивудската традиција, во која низ децениите учествувале некои од најголемите имиња на филмската историја.
Меѓу ѕвездите што учествуваа беа легендарни актери, како Џин Отри, Џими Стјуарт и Мери Пикфорд.
Покрај забавниот карактер, парадата ја нагласи и својата хуманитарна мисија преку поддршката на програмата „Toys for Tots“ (Играчки за мали деца) на американските маринци и други организации што обезбедуваат играчки и помош за деца во социјален ризик.