„Во Шведска половина од злосторствата од омраза се извршени против муслиманите“
„Во 2017-2018 година, во земјата злосторствата од омраза на интернет се зголемени за двапати и половина од злосторствата се извршени против муслиманите“Atila Altuntaş
18 Април 2019•Ажурирај: 19 Април 2019
СТОКХОЛМ (АА) – Томас Аберг, основач на Здружението за истражување на злосторствата од омраза на интернет, во Шведска, истакна дека во 2017-2018 година, во земјата злосторствата од омраза на интернет се зголемени за двапати и дека половина од нив се извршени против муслиманите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Аберг, во изјавата за шведската државна телевизија (SVT), нагласи: „Во 2017-2018 година, во земјата злосторствата од омраза на интернет се зголемени за двапати, а половина од злосторствата се извршени против муслиманите.“
Аберг, потсетувајќи дека злосторствата од омраза се закануваат на демократијата, истакна: „Во последните години, со зголемувањето на употребата на социјалните медиуми, зголемени се злосторствата од омраза. Според истражувањето што го направивме врз основа на извештаите на полицијата во периодот 2017-2018, злосторстваta од омраза на интернет во целата земја се зголемени за двапати. Во северниот дел на Шведска се зголемени за трипати. Од злосторствата, 50 проценти се извршени врз муслиманите, 22 отсто врз мигрантите и 21 отсто врз лицата од африканско потекло.“
Според Аберг, злосторства од омраза обично се вршат врз луѓето постари од 50 години, 83 отсто од сторителите се мажи, додека 17 отсто се жени.
Тој, исто така, истакна дека во 2018 година, 459 лица биле осудени на различни казни поради злосторства од омраза.